Двајца возрасни мажи вчера се тепале во Ѓорче Петров

На 22.11.2023 во 22.47 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ж.(42) и Д.П.(41), двајцата од Скопје, соопшти полиција.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.