Два протеста против изградбата на 17 катницата во Карпош, едниот во организација на “Левица“ другиот во организација на “Независни за Карпош“

Дури два протести се одржаа денес против најавената изградба на 17 катница во општина Карпош. Едните беа во организација на “Левица“ која протестираше во близина на новоотвореното градилиште кај бензинската на “Макепетрол“, додека другиот протест е во организација на советничката група “Независни за Карпош“ и се одржа на платото кај СРЦ “Борис Трајковски“

Иако двата протести ги организираат различни групи барањата им се исти- да се поништи издадената градежна дозвола и да не се дозволи изградба на овој комплекс кој според нив се гради во заштитена зона.

Од Општина Карпош вчера излегоа со демант на она како што го опишаа од таму како манипулација и бесчувстивена лага се со цел да се украде некој политички поен. Од општината додаваат дека глупост е дека оваа зграда ќе се гради на непостоечка локација и притоа додаваат дека се е во согласност со законите.

- “ Обична глупост е да се тврди дека оваа зграда ќе се гради на непостоечка локација. Не ни се верува дека ова може да го тврдат лица кои се повеќе од две години советници во општина Карпош кои очигледно по толку голем напор барем нешто да им се објасни од урбанизмот, за жал, ништо не научиле, туку постојано ја пеат истата песна од предизборната кампања во 2021 година. Тие не научиле дека за да се издаде градежна дозвола за било каков објект најпрвин истиот мора да биде предвиден со Генералниот урбанистички план кој го носи Градот Скопје. Во конкретниот случај, на оваа локација со истиот план уште од 2012 година, а кој е во важност до денес е предвидено домување“- се вели во соопштението од општина Карпош.

Граѓанските организации се надеваат дека дека ќе се поништи дозволата за градба а како причина го наведуваат веќе еднаш издаденото негативно мислење за кое подоцна е издадено како позитивно конзерваторско мислење од поранешниот директор, кој сега е во домашен притвор поради соучество во уривањто на објектот „Шар ан“.

Од општината секако ги отфрлаат овие работи и посочуват дека се работи да се попречи равојот на општината и притоа посочуваат дека се работи на привлекување на инвеститори кои се спремни да вложат во општина Карпош.

- “Покрај сите опструкции да се запре развојот на општината, по неуспехот да се блокира Буџетот, се прави уште еден обид преку оваа градежна дозвола издадена по сите законски прописи да се запре било каква инвестициона активност на ова подрачје, а во името на мизерен политички маркетинг. За среќа, покрај нивниот деструктивен однос и разбирлива хистерија, педесет милиони евра ќе се случи инвестиција во Карпош“ посочуваат од општина Карпош.