Дождливо на Водно, Маврово и Шапка во април под снежна покривка

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово. Камерите кои се поставени таму, утрово регистрираат снежна покривка. На Водно е дождливо и влажно.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денес на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Најниска минимална температура од градовите e во Берово 0°C, а највисока во Гевгелија 7°C. Најмногу воден талог нaврна во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Куманово и Ѓуриште 4л/м2. 

Утре и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.