Докторка во училиштето на Коста пуштала народна музика на децата за да се поврзат со духовите на настраданите ученици

Слободан Негиќ, таткото на едно од убиените деца во ОУ „Владислав Рибникар“ гостуваше во „Нова ТВ“ каде што раскажа дека во училиштето била испратена докторката Радмила Радуловиќ која им пуштала народна музика на децата за да се поврзат со душите на нивните настрадани пријатели.

Негиќ раскажува дека на 5 мај, односно два дена по масакрот, Радуловиќ во ходникот забележала деца кои земале некои работи со одобрение на директорката, по што им кажала дека треба да се поврзат со духовите и душите на нивните другари.

-На состанок со родителите прашав која е д-р Радуловиќ, а никој од присутните не знаеше за кого станува збор, вели таткото на девојчето.

Д-р Радуловиќ била вработена во невропсихијатриското одделение на Клиничкиот центар во Србија и била испратена од Министерството за здравство за да им помогне на децата и на родителите.

Докторката реагираше со порака на Фејсбук по деталите кои ги откри таткото на загинатото девојче.

-Некој тагува во тишина, некој преку медиумите. Некој дава прихијатриска помош. Со покана. На срце, ум и искуство. Секој по ред. до наставниците, учениците и родителите, напиша д-р Радуловиќ.