Доктор Јовев: Не ми понудиле, но би прифатил да бидам министер за здравство

Докторот Сашко Јовев беше разрешен од директорската позиција на Клиниката за кардиохирургија, но сè уште не го потпишал решението.

Јовев гостуваше во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ и притоа кажа дека никогаш не му било понудено да биде министер за здравство, иако би сакал да се случи такво нешто.

-Не ми никогаш нудено да бидам министер за здравство, но ако тоа  се случи со задоволство ќе го ставам цел свој капацитет на располагање. Значи да, би сакал, кажа д-р Јовев.