Дојави за бомби во пет скопски училишта

Денеска повторно пристигнаа дојави за бомби во скопските училишта, а градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во неговата објава напиша дека заканите се во пет училишта во Гази Баба.

- Со жалење сакам да ја информирам јавноста дека пред 10 минути во општинските основни училишта 25 Мај, Дане Крапчев, Григор Прличев, Кирил и Методиј и Крсте Мисирков се пристигнати дојави за поставени бомби. Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно. Пријавено е во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите.

Сакам да изразам најостра осуда кон испраќачите на овие дојави и барам од институциите час поскоро преку превземање на сите мерки кои им стојат на располагање да стават крај на ваквите појави, напиша Стефковски