До четврток променливо и посвежо време, викендот сончево

До четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, а на повеќе места, претежно во попладневните и вечерните часови, со пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко
време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

В петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.