Девица: Најиритантниот хороскопски знак

Со човек во овој знак – секој ќе изгуби.

Секој хороскопски знак има некоја иритантна карактерна особина поради која сите му замеруваат.

Еден знак е специфичен по тоа прашање и скоро да нема човек кој за него нема да искоментира дека „никогаш не сретнале покомплицирана личност“.

Дали знаете кој хороскопски знак ја носи неславната титула најиритантна?

Тоа е девицата.

Иако и другите знаци имаат карактерни особини кои некому не му се допаѓаат, изгледа дека потребата на девицата да ги искомплицира и наједноставните работи на светот ги надминала сите нив.

Девиците сакаат многу да анализираат, а за време на носењето одлуки мора да бидат запознати и со најситните детали. Непопустливи се, критични и премногу се грижат, а всушност тоа луѓето во нивното опкружување најчесто ги нервира.

Познати се како ситничави и педантни луѓе кои сакаат сѐ да е во совршен ред, а ако им направите нешто лошо бидете сигурни дека тоа баш никогаш нема да заборави и ќе ја искористи секоја прилика да ве потсетат на неправдата што сте им ја нанесле.

Кај нив нема пропусти. Тоа ги навредува, нив не е можно тоа да им се случи.

Тие едноставно не знаат да скратат и да упростат. Ако не објаснат сѐ на долго и на широко, исто како ништо да не кажале. Знаат многу да се навредат ако ги прекине некој. Бидејќи се многу нервозни, почнуваат одеднаш да го повишуваат тонот до викање за да го објаснат до крај она што го започнале. Не дозволуваат да бидат прекинати.

Фитиљот на девиците е многу краток. Ги ужаснува човечката глупост, безобзирност, ненавременост, човечките спротивставувања... Нивните нерви се претенки, а реакциите многу бурни. Девиците се големи злопамтила, во некој разговор ќе извадат „од нафталин“ детали за некоја ситуација од минатото што секој би ги заборавил, но девицата никогаш и никако.

Очекуваат и бараат чистота и точност, а самите знаат да бидат аљкави и неточни. Девиците најчесто доцнат. Ова не се однесува на работата, секако, туку на сѐ останато.

Со девицата секој ќе изгуби. Нема шанси да бидат надминати. Располагаат со податоци кои ги запамтиле и ги спакувале во незаборав во својот мозок.

Нивниот мозок сѐ пресметал и нема простор за пропусти. Единствено така се чувствуваат добро.

Хипохондриците најчесто се родени во овој знак. Нема поголемото „папучарско“ однесување од она на девиците и мазохистички уживаат во тоа.

Многу ги сакаат парите, но не умеат со нив.

Секако, девиците имаат и многу позитивни карактерни особини поради кои на луѓето во својата околина едноставно е незаменлива, дури и кога ги нервираат.

Во љубовните врски сакаат до бесконечност и назад.

Нивната љубов е чиста како солза. Кога сакаат не изневеруваат.

Ужасно се недоверливи кон партнерот. Го гушат, посесивни се и се ужасно љубоморни. Не постојат понапорни суштества од љубоморните девици. Ќе ги направат сите оние глупости за да дознаат дали нивниот партнер ги изневерува. Ќе ги прислушкува неговите разговори, ќе го бараат по сто пати на ден, ако треба и ќе го следат.

Сепак, секој крај себе во животот има една девица и веројатно до сега сте научиле како да се носите со неа.