Кога жената родена во хороскопскиот знак Девица ќе се заљуби

Жената во хороскопскиот знак Девица е одговорна, грижлива, верува во вистинска и практична љубов. Таа е исклучително страствена и интензивна и бара совршенство во љубовните врски. Таа обично ги анализира ситуациите, барајќи мани и ги истражува чувствата. Таа е малку затворена и потребно ѝ е време додека ги покаже своите чувства и ќе се заљуби дури откако добро ќе ја изанализира ситуацијата и човекот кој ѝ го има привлечено вниманието. Понекогаш премногу анализира, па знае да го „гуши“ партнерот со непотребни детали и ситници. Понекогаш премногу се грижи за блиските. Девицата е комуникативна и интелигентна, полна е со идеи, а самодовербата и мотивацијата секогаш ја туркаат напред во остварување на зацртаното.

Што очекува од партнерот?

На Девицата најважна ѝ е стабилноста, но и посветеноста и искреноста ѝ се подеднакво важни. Не се врзува толку лесно, но кога ќе изјави љубов, тогаш значи дека е сигурна во своите чувства. Претпочита долги врски и мажот кој е со неа може да смета дека таа секогаш ќе биде со него, и во добро и во лошо. А тоа го очекува од него. 

Посветена и грижлива

Жената Девица е романтична, но мора да му дозволи на партнерот да се изразува на свој начин, дури и ако нема смисла за неа. Ако ги прифати луѓето такви какви што се, тогаш ќе има подобра поврзаност со партнерот. Треба да научи да го отвори своето срце, да биде ранлива, особено ако е во врска со Рак, Скорпија или Риби. Од друга страна, ако е во врска со Овен, Лав или Стрелец, треба да се обиде да биде спонтана. Таа најдобро се чувствува во друштво на Бик, Јарец или луѓе родени во истиот хороскопски знак, но мора повеќе да ги искажува чувствата. А доколку почне врска со Близнаци, Вага или Водолија, Девицата треба да научи да биде трпелива и да дозволи партнерот самиот да дојде до некои сознанија. 

Позитивни карактеристики:

  • Интелигеција

  • Интуиција

  • Чесност

  • Доверливост

  • Прецизност

  • Трпение

  • Дарежливост

  • Внимателност

  • Верност

  • Флексибилност

Негативни карактеристики:

  • Критичност

  • Перфекцинизам

  • Тврдоглавост

  • Песимизам

  • Тврдоглавост

  • Песимизам

  • Наклонетост кон осудување

  • Скептичност

  • Нефлексибилност