Детали од вчерашното пукање во близина на поликлиниката Бит Пазар

МВР денеска излезе со детали поврзани со вчерашното пукање среде бел ден во близина на поликлиниката Бит Пазар. Имено вчера околу 13:00 часот од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П.(24) со прострелна рана во ногата.

Според пријавеното, во него во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје пукал Р.Ш.. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.