Во западните делови од земјава, денеска ќе има услови за појава на краткотраен снег, јавува Управата за хидрометеролошки работи во Македонија.
Оттаму велат дека е можен снег и во крајните северо-источни делови каде утринските температури ќе бидат во минус.
Денеска цел ден ќе дува засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарито и на поголемите височини.
Најниска температура ќе биде во Маврово и околината -4, додека највисоката дневна во Гевгелија до 11 степени.
Во Скопје утринската околу нулата, дневната максимална шест степени.