Денеска имаме многу студено утро, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови ( локално над 60 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Во следните денови ќе се задржи стабилно и студено време со минимални температури и под -10 степени. До среда на места и дневните температури ќе бидат под нула, со тенденција на постепен благ пораст.