Дел од Ѓорче денеска без струја, вода ќе нема на повеќе улици

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска (среда), без електрична енергија ќе останат:

- од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од село Кучково, поточно викендиците во селото кон крстот (општина Ѓорче Петров).

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ги известува граѓаните дека, денеска (среда) поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф 300 мм, на ул.Џон Кенеди бр. 25, од 9 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Џон Кенеди, 380, 376, Максут Садик, Јоаким Крчоски, Самоилова и Болницата - Гинекологија Мајка Тереза – Чаир (општина Чаир).