Дечињата од детската градинка „Буба Мара“ во посета на кабинетот на Муцунски

Ведриот дух и позитивната енергија, несомнено го прават работниот ден поубав. Во пресрет на празничниот период, таква енергија во општината ни донесоа дечињата од детската градинка „Буба Мара“, извести денеска градоначалникот на општина Аеродром. 

- Традиционално како и секоја година, дечињата нѐ израдуваа со рачни изработки, новогодишни песни и желби за новата година, вели Муцунски. 

Градоначалникот порача дека токму тие, дечињата се главната причина која ги мотивира неуморно да работат.

- За најмладите да креираме повеќе забавни и образовни содржини, а во слух со нивните барања и желби, да изградиме општина во која секој ќе има безгрижно детство и правилен развој, дециден е Муцунски.