Неколкудневна работилница се спроведе во сите 5 објекти на градинката „Буба Мара“ во скопската Општина Аеродром. Работилницата која опфати околу 170 дечиња на возраст од 5 и 6 години беше посветена на препознавањето и решавањето на конфликтите во секојдневните ситуации.
– Целта на оваа работилница е да ги насочи дечињата како да ги препознаваат негативните форми на однесување, како и позитивното чувство по решениот конфликт, соопшти општина Аеродром.
Работилницата ги научи децата на култура на однесување, развој на емпатија, толеранција, почитување на различностите, како и стекнување на комуникациски и социјални вештини, самоконтрола и соработка.
Работилницата беше спроведена во неколку фази и тоа: препознавање преку анимирани филмови, слики, глума и цртање на заеднички цртежи. Едукацијата е дел од програмата на советувалиштето за деца и родители „Мал свет, големи срца“.