Данела Арсовска и Дарко Каевски денес на суд

Денеска, ќе се одржи судско рочиште од тужбата на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска против пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

Арсовска го тужи Каевски за неговите наводи изнесени на прес – конференција дека таа должи 54 илјади евра за неплатени сметки за струја, долг кој наводно го направила преку нејзини приватни фирми.

„Не само што информациите изнесени на прес-конференцијата не се точни туку се и политичка конструкција, поради што ќе поднесам тужба за клевета против Дарко Каевски“, изјави тогаш Арсовска.

Прес-конференцијата беше одржана на 13 октомври 2021 година, четири дена пред одржувањето на првиот круг од локалните избори на кои Арсовска беше кандидатка за градоначалничка на Скопје. Каевски во својство на портпарол тогаш рече дека фирмите „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје и „Империал“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје на кои Данела Арсовска била управител и сопственик, со години под закуп ја имале спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, при што го направиле и долгот. 

Извор: Нова Тв