ЦУК: Во последното деноноќие имало 16 пожари, 6 уште се активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштува дека во последното деноноќие имало 16 пожари на отворено од кои шест се уште се евидентирани како активни.

Регионалните центри за управување со кризи Охрид и Тетово бележат по два, а регионалните центри за управување со кризи Штип и Куманово по еден пожар.

„Заради настапувањето на ноќта, а и заради локализирање при гаснењето, непристапен терен и немање опасност по луѓе, на крајот од денот вчера силите што биле ангажирани за гаснење на таквите пожари се повлечени од терен и од утрово ќе догасат, таму каде што треба и се може“, информира ЦУК.

Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.