ЦУК: Активни пожари во општините Кичево и Гостивар

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од седумте вчерашни активни пожари, по утринскиот ангажман за нивно локализирање и гаснење, на терен има уште два активни пожара.

„Конкретно, тие се во општина Кичево – кај селото Ново Село, каде што гори шума и во општината Гостивар –  кај селата Дебреше, Митрови Крст и Трново во реон на месноста „Пеклишта“, тука гори борова шума и мешана шума“, се наведува во соопштението на ЦУК.