ЦУК: Трета жртва во пожар за едно деноноќие, настраданиот бил изгорен до степен на непрепознатливост

Уште една жртва од пожар на штала во селото Оџаклија во општина Карбиници известуваат од регионалниот ЦУК Штип. Оттаму велат дека жртвата изгорела до степен на непрепознатливност.

- “По добиената информација за пожар на единствениот повикувачки број 112 во ЦУК за запалена штала околу пладне и интервенцијата на пожарникарите, добиено е известување дека едно лице настрадало при тој пожар во село Оџалија во општина Карбинци. Настраданиот бил пронајден внатре во шталата, каде што најверојатно првин се задушил од чадот, а потоа и изгорел во пожарот до степен на непрепознатливост на идентитет и возраст“, извести ЦУК.

Територијалната противпожарна едница Штип и припадници на МВР од СВР Штип, се излезени на самото место и вршат увид за причините на настанатиот пожар.

Инаку, од почетокот на ова деноноќие ова е трето лице што настрадало од пожар.

ЦУК рано утрово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на село Псача. Потоа имаше второ известување за настрадано лице при услови на пожар кога пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица денеска во периодот од 7.20 до 10.35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во село Косевица во месноста Реката.