ЦУК: Изгаснати и локализирани 23 пожари, тимовите на ЕВН со полни раце работа во 12 општини

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера противпожарните тимови имале полни раце работа – изгаснале 23 пожари, но и за тимовите на ЕВН имало многу работа, интервенирале во 12 општини каде што заради локално невреме проследено со силен ветер имало повеќе дефекти и прекини на доводот на електрична енергија.

- Пожари на отворено, вчера имаше вкупно 23 и противпожарните тимови сите ги изгаснале, според информациите од Секторот за операции и координација во ЦУК. Изгаснатите 23 пожари, при што горела, мешана и нискостеблеста шума, сува трева, а на места и отпадоци) настанале во сите делови на државата во општините: Долнени, Новаци, Илинден, Студеничани, Сарај, Могила, Прилеп, Струга, Кичево, Штип, Куманово Боговиње, Општина Гостивар и на територијата на Град Скопје.

Во комбинација со пожарите и силните локални поројни дождови со посилен ветер придонесоа на многу места вчера да има прекин на доводот на електрична енергија. Такви итни случаи имало во Кратово и во повеќе села и населени места во вкупно 12 општини. Екипите на ЕВН се постојано на терен за да бидат отстранети дефектите, согласно можностите и условите.