ЦУК: Активни се два пожара на отворено, на планината Китка и кај скопското село Булачани

Само што ги изгаснаа сите пожари, се појавија нови. Центарот за управување со кризи денес инфомира дека има два активни пожари на отворено. Едниот е на планината Китка другиот е кај скопско Булачани.

- “На планината Китка гори претежно нискостеблеста вегетација. Пожарот над село Палиград во Општина Зелениково почна на 16 февруари 2024 година и се уште е активен. Од ЈП „Национални шуми“– подружница „Караџица“ - Скопје известиле дека пожарот се шири во правец кон село Тисовица и еден дел кон пределот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“. Теренот, како што се наведува, е непристапен за интервенција од земја. Од страна на РЦУК Скопје за пожарот се известени и во Општина Зелениково“ пишува во соопштението на ЦУК

На Единствениот број за итни случаи 122 утрово во 8:31 часот во ЦУК е добиена пријава за пожар во село Булачани, во која се наведува дека тој се уште е активен.

Имено од извештајот на ЦУК може да се види дека во последното деноноќие пожарникарите имале полни раце работи. Изгаснати се 34 од вкупно 36 пожари на отворен простор на територијата на државата. Изгаснати се четири пожари на отворено во Скопско, во Битолско 11, во Струмица четири, во Велес осум, во Куманово четири и во Тетово изгаснати се три пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.