ЦУК: 1.661 повици за итни случаи на 112 во последното деноноќие, повторно најбарана е полицијата

Во изминатото деноноќие, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 1. 661 повици на единствениот број за итни случаи 112. Од нив, „реални“ повици биле 43,41%, а 56,59% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопшти ЦУК.

Според генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 50,83%, кон Итната медицинска помош 46,28%, а кон пожарникарите 1,24%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 1,65%  од реалните.

Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 56,59% – вкупно на број 934 повици, (за разлика од претпоследното деноноќие кога биле 1.243), биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК).