Црвниот крст денеска организира хуманитарен настан за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

По повод 78 години од своето формирање, Црвениот крст денеска во хотелот „Холидеј ин“ организира настан посветен на хуманоста и солидарноста за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија.

На настанот е предвидено обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, на турскиот амбасадор во нашата држава Хасан Мехмет Секизќок, како и на генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

Целта на настанот е да се заокружат активностите за помош и поддршка на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија и за таа цел ќе биде организирана хуманитарна акција.