Чувар на фирма пронајден со повреди од физички напад

Вчера во 06.37 часот во СВР Скопје, директор на фирма во с.Трубарево, скопско, пријавил дека чуварот Б.Б.(60) бил пронајден со повреди од физички напад.

- Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.