Чибишев со поддршка до колегите од СДСМ и порака до Апасиев: Со такви простачки транспаренти не се оди на протест!

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, беше мета на критики на социјалните мрежи за фамозниот транспарент кој беше изложен пред јавноста на синоќешниот протест за скандалозните случувања на Клиниката за Онкологија.

Сепак, иако транспарентот беше насочен против владеачката партија СДСМ, одбрана стигна и од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој на сликата што го држи овој афирмативен и едукативен транспарент е универзитетски професор и лидер на една партија. Кој простаклук!“, реагираше докторот Андон Чибишев од партиската комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај Чибишев, имаше и други негативни реакции на социјалните мрежи.