Четири лица нападнати со тврд предмет од друга група лица

Инцидент се случил вчера вечер во скопско. 

Р.В.(37) од Скопје вчера во 20 часот пријавила дека истиот ден околу 16.30 часот на место викано Пеленица, нејзиниот син и уште тројца негови другари физички биле нападнати од четири лица, а едно од лицата употребило и тврд предмет.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.