Чествување на поетот Јован Котески во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Чествување на поетот Јован Котески ќе се одржи денеска напладне во спомен – собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, по повод 90 години од неговото раѓање.

За делото на големиот македонски поет, како што соопштија од библиотеката, беседа ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, а делови од неговата поезија ќе интерпретира актерот Теоман Максут.

Котески е роден во струшкото село Присовјани на 14 јануари 1932 година. Починал на 12 јули 2001 година во Скопје. Работел како новинар во Радио Скопје, бил претседател на Советот на СВП,член на Македонскиот ПЕН центар, член на ДПМ од 1958 година. На 2 септември 1985 година, од комунистичкиот режим, е уапсен во својот дом во Скопје и е осуден на петгодишна робја, под обвинение за илегално работење на уривање на Југословенската федерација и создавање независна македонска држава. Автор е на 27 книги поезија и добитник е на наградите:„Кочо Рацин“, „Нарциса“ , „Ацо Шопов“, „Григор Прличев“ и „Браќа Миладиновци“, информираат од библиотеката.