Чемпреси во Карпош

Општина Карпош, во рамки на „Денот на дрвото“ засади 5 000 садници Чемпрес на зелените површини на територијата на оштината. 

Во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ учениците, администрацијата и волонтерите засадија околу 5 000 нови садници, со што нивната општина ќе се разубави, а особено пријатно ќе мириса на пролет. Во урбаните средини, односно Влае 1 и 2 и Карпош 1 и 4 беа засадени околу 600 садници. Беа подарени и неколку садници за дворот на училиштето „Јахја Кемал“ и дворот на поликлиниката „Букурешт“, а Градоначалникот лично засади неколку садници во паркот „Македонија“ во Тафталиџе 1.

Општина Карпош ќе ја продолжи акцијата и понатаму, независно од еко-акцијата, па така до 30-ти декември од ЈП„Паркови и зеленило“ ќе продолжат со збогатување на зелените површини со млади садници. Карпош ќе биде позелен од листовите на дрвјата Јасен, Чемпрес, Туја, Јавор и Каталпа.