Карпош ќе добие нова општинска зграда, ќе има и матично!

При крај е изведбата на новата општинска зграда во Општина Карпош. Според официјалните податоци 70% од градежните работи се готови, а во моментов се работи на ентериерното уредување. 

Се очекува изградбата да финишира во мај, зависно од временските услови, што би значело дека администрацијата ќе може да се всели во новата општинска зграда веќе во април. Поставена е електричната излолација, а останува да се постават подовите, керамички плочки и санитарен јазол. За потребите на објектот порачана е и столарија дуро од Белгија. Горниот дел од објектот е покриен со стакло, а фасадата на целиот објект е енергетски ефикасна. 

Новитет во општинската зграда ќе биде можноста младите брачни парови да се венчаваат на територијата на Општина Карпош. Капацитетот на објектот се 200 административци, како и паркинг предвиден за потребите на објектото со површина од 1 000 метри квадратни. Локацијата на новиот објект е на местото на старите општински бараки во Карпош 3. Нацртот за новиот објект е на компаниите „Скарс“ и „Архитектри“.