Царовска вршела дискриминација на колешка, и се заканувала дека ќе ја избрка од работа, нечовечки постапувала и ја отстранила од просториите на МОН

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на 15.01.2024 година утврдила дека вработена во Министерството за образование и култура била дискриминирана од тогашната министерка Мила Царовска во период од речиси 2 години но и од сегашниот министер Јетон Шаќири. Вознемирувањето како што пишува подносителката настапило веднаш откако Царовска станала министер, а продолжува и со сегашниот министер Јетон Шаќири.

Целата сага настанала кога службеничката во МОН уредно го користела годишниот одмор поради грижа на родител. И покрај уредно издаденото решение за истиот и било кажано дека мора да го прекине одморот и да се врати назад во министерството поради итни и неодложни работи. Како притисок на ова Царовска и го понишува решението за користење на годишниот одмор по што службеничката е принудена да се врати на работа.  

„Наредбата ја испочитував и се вратив на работа но психичкото вознемирување продолжи од сите кабинетски службеници на министерката вклучително и министерката а се состоеше во навреди, закани на колегиуми, барање на извршувањ на задачи за кои немам овластување, кратки рокови за достава на податоци и слично“ пишува подносителката и притоа во корист на ова нејзино тврдење поднесува низа документи како потврда на ова што го зборува.

Кулуминацијата на психичкото вознемирување настанува на 14.09.2020 година кога на нејзината службена електронска пошта добила Наредба за постапување бр. 04-9159 во која министерката и наредува тој ден да остана на работното место поради авршување на работното време заради итни и неодложни работни обврски во Министерството, а непостапувањето ќе се сметало за дисциплинска повреда за која ќе се покрене постапка. На ова подносителката побарала прецизирање до кое врме трба да остане на работа за што не добила повратен одговор.

Но тука Царовска не застанала. Во контиунитет ја понижувала и ја омаловажувала колешката по што и се нарушила здравствената состојба поради психичкото вознемирувања и поради тоа била приморана да користи боледување. За дополнително да ја понижи Царовска ја оценила со една од најниските оценки со 2-ка а месеци претходно поради добрата работа добила оценка 5-ка на оценувањето од државниот секретар Енвер Усеини. Подносителката поднела жалба до агенцијата за администрација каде и ја уважиле, ја поништиле постапката на МОН и го вратиле предметот на оценување назад и на повторно разгледување. Царовска не постапила по ова решение и таа останала единствениот неоценет државен службеник.

Тука малтретрирањето не застанало. Царовска ја преместила службеничката иако била државен советник во читалната што се наоѓа во ГТЦ. Таму ниту имала биро, ниту компјутер ниту пак и давала било какви задачи поврзани со нејзината работа.

„Просторот е Читална наменет за користење од страна на студенти, располага со стручна литература. Просторот е океански систем, бара потполна тишина, нема соодветно работно место место( стол, биро, компјутер за службеници) а немам никакви задачи согласно систематизацијата за да седам во читалната“ напишала подносителката во претставката.

Дури и со промената на министерската позиција кога на чело дошол министерот Јетон Шаќири ситуацијата на службеничката и се нема променето. Како што таа пишува во претставката со неа ниту некој контактирал ниту пак ја прашал за било какво мислење. Таа вели дека на ниту еден начин не е вклучена во работата на министерството. Го посочува фактот дека од вкупно 9 државни советници колку што има МОН сите освен неа се сместени во зградата на министерството со свои канцеларии и учествуваат во работата на самото министерство.

Таа вели дека досега не успеала да оствари ниту една средба со министерот Шаќири иако му пишала во неколку наврати дека односот кон нејзе е дискриминаторски.

Откако комисијата ги земала во предвид сите факти на подносителката одлучила дека таа е дискриминирана од страна на МОН. Комисијата заклучила дека на нејзе и се нарушени нејзините права и слободи да биде еднаква со другите нејзини колеги. Притоа тие констатираат дека и сегашниот министер Јетон Шаќири кој е на фукцијата речиси 2 години ништо не направил да го исправи повредата на правото на еднаквост односно дискриминација кон службеничката. Од КСЗД посочуваат дека е утврдно вознемирување и дискриминација од страна на Царовска и тоа во подолг временски период каде и се давани извршување на нереални работни задачи и обврски, одземање на работни ингеренции и слични навредувачки, омаловажувачки и недостоинствени активности.

КСЗД дава препорака до МОН да ги исправи сите констатирани недостатоци утврдени од нивна страна и да и овозможи пристап на вработената до просториите на министерството како и да ја вклучи во работните задачи во рамки на самото министерство. Притоа од комијата посочуваат дека институцијата е должна во законски предвидениот рок да ги исправи сите недостатоци во спротивно од нивна страна ќе биде покрената судска постапка.

Со оглед дека одлуката е донесена на 15.01.2024 а сега веќе сме средина на март, што значи дека од тогаш се поминати речиси 2 месеца претпоставката е дека МОН има превземено некакви мерки во однос на дискриминираната службеничка.