Учиме од учебници што ги нема, јадеме леб што го нема, се лечиме во здравство што го нема

На социјалната мрежа Твитер беше објавен еден твит кој стана вирален за краток период.

- Учиме од учебници што ги нема, јадеме леб што го нема, дишиме воздух што го нема, се лечиме во здравство што го нема, возиме по новите 1300 км патишта што ги нема, работиме во гулг и фејсбук што ги нема, живееме од просечната плата што ја нема и уживаме во слободата што ја нема, пишува Атанас Кирјаковски.