Бугарски пасоши ќе добијат и претседателите на бугарските клубови во Македонија

 

Бугарскиот претседател Румен Радев на свечена церемонија ќе им ги додели бугарските лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов - претседател и секретар на затворениот бугарски клуб од Битола „Иван Михајлов“.

„БНТ“ објави дека потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова ги покажала указите за доделување на бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло.

Пред една недела, му беше доделен бугарски пасош и на секретарот на затворениот бугарски културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков.