Божиновски: Колку вработени има што не одат на работа, а ги плаќаме?

Познатиот инфлуенсер и македонски писател, Божидар Божиновски - Божо го сподели своето мислење по обвинувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска дека во „Комунална хигиена“ има голем број вработени кои земаат плата, а не одат на работа.

- Ова е само едно претпријатие во еден град, тек во цела држава и во институции колку има криминал, вработени што не одат на работа, а ги плаќаме, колку пари и иднина тоа нѐ чини. Партиите ни ја изедоа иднината, а полоши од нив се само тие ситни термити кои со молчење глодаат во темелите и би сакале вечно да сме во статус кво, вели Божиновски.

Арсовска претходно кажа дека откриле луѓе кои возат камиони во Германија, а од претпријатието си земаат плата.