Бојаџи: Уметноста, посебно филмот, отсекогаш биле и ќе останат аргатска работа

Македонскиот режисер, продуцент и сценарист Јани Бојаџи со став за денешниот празник. 

-Уметноста, посебно филмот, отсекогаш биле и ќе останат аргатска работа, место за работници, каде единствен начин да направиш што и да е убаво е возможно само со многу труд! Филмот е најтрудонаемната уметност од сите. Јас во светот на филмот се доживувам како работник, како пролетер кој се што постигнал било и само единствено со труд и пот.

Честит Први Мај Работници!

Долу силата и неправдата!

Да живее трудот! - пишува тој на фејсбук. 

*На фотографијата е Чарли Чапли, како работникот Шарло во филмот ``Модерни времиња``. Се се променило, освен времињата. И борбата за право да се живее од труд.