Битолчанец кој живее во Виена им нуди помош на родителите на Леонид: Спиење, јадење и неограничен превоз до болницата каде што се лечи

Откако државата одби да плати за лекување на младиот Леонид Индов во Виена македонскиот народ покажа дека знае и умее да биде хуман и да помогне во вакви тешки моменти. Буквално цела јавност се крена на нозе и се организираа хуманитарни акции се со цел да му се помогне на Лео побрзо да стигне до посакуваното лекување.

Една од поубавите работи ни доаѓа токму од Австрија поточно од Виена. Битолчанецот Маријан Атананосовски кој живее и работи таму му се понуди на семејството на Леонид за помош за се што им треба во Виена.

„За семејството на младото момче Леонид, што се лечи во Виена, им стојам на располагање спиење, јадење и неограничен превоз до болницата каде што се лечи. Со лесно“, напиша на Фејсбук, Марјан Атанасовски.

Откако е објавен овој пост доволно е да се погледнат коментарите и ќе се види експлозија на задоволство и поддршка за овој човек и неговата понуда кон семејството Индов. Ова е уште еден доказ дека народот во Македонија знае да ги цени и памти ваквите гестови.