Битиќи: Законот за нефер трговски практики е ново решение според ЕУ директиви, сме го немале досега а го немало ни во Европа

Законот за нефер трговски практики е системско решение што сме го немале досега вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и додава дека тоа ќе значи приближување кон ЕУ.

„Некои компании самите излегоа и рекоа дека ќе ги задржат замрзнатите цени до 15 мај и тоа е охрабрување дека наспроти сè што се случуваше стопанствениците знаат да бидат општетсвено одговорни. Законот е системско решение што сме го немале и го немале ни во Европа. Тоа е ново решение според ЕУ-директивите. Конечно, ќе значи правиот пат што сите го бараме, а тоа е патот кон ЕУ“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот вели дека Државниот пазарен инспекторат прави надзори и кога ќе забележи недоследности, постепено постапува, а веќе се издадени глоби на два супермаркета. Битиќи додава Владата ќе донесе мерки, дури кога се спротивни на принципите на пазарната економија апелирајќи дека заеднички треба да се бориме во креирањето на бизнисот и политиките.