Безживотно тело извлечено од реката Вардар

Вчера во 17.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Огњанци, скопско, било забележано тело на машко лице.

- Телото било извадено од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.