Бесими: Владата е блиску до договор за раст на платите во јавниот сектор со синдикатите

Покачувањето на плататата на вработените во јавниот во сектор во иднина веројатно ќе пресметува според просечната плата и инфлацијата во земјата, односно слично на начинот на кој сега се пресметува зголемувањето на пензиите. Ова, во интервју за МИА, го изјави министерот за финасии, Фатмир Бесими, говорејќи за текот на преговорите со синдикатите за покачувањето на платите во јавниот сектор.

- Барањата на синдикатите беа да се користи модел на коефициенти со просечната плата. Бевме отворени и флексибилни уште од почетокот да го прифаќаме тоа што беше предлог на синдикатите. Тоа што во оваа фаза беше комуницирано и од нивна страна, мислам дека е дефинирано е коефициентот да се воведе како нов модел и секако размислувањата за механизмот кој ќе ја дефинира динамиката на платите да биде поврзана со просечната бруто плата. Со ова се создава солидна платформа во иднина економско-социјалниот дијалог да биде уште поквалитетен, потранспарентен и ќе имаме системско решение, вели Бесими.

Во пракса, тоа значи дека за различни јавни служби ќе се утврди различен коефициент на сложеност, а во формулата за пресметка ќе се зема во предвид просечната плата и/или инфлацијата. Така, платите континуирано ќе растат секоја година, во зависност со растот на платите и трошоците во целата економија.

Но и да се постигне договор сега, моделот би требало да почне да важи од 2025 година. Но и во меѓувреме ќе има првично покачување кое се договара.

- Тој модел би требало, доколку се согласиме, да стапи на сила од март 2025 година. Значи сега ќе се воведе измената, но пресметките за тоа ќе бидат во март, а во меѓувреме ќе има транзициски период за оваа година до март 2025 како ќе оди динамиката на порастот на платите. Значи ќе има раст сега откако ќе се договориме. Ќе видиме кога тоа би се реализирало 2023-24 како транзицијата ќе тече… Потоа во зависност од институциите внатре, дали се медиуми, агенции, министерства, здравство.. ќе имаат свои коефициенти по области. Во зависност од спецификите и приоритетите, така ќе се утврдува,вели Бесими.

Во интервјуто, Бесими доби прашање за став по барањето на синдикатите – платите на функционерите да се вратат на нивото пред одлуката на Уставниот суд. За потсетување, Уставниот суд укина два члена од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, со што платите на функционерите пораснаа наеднаш за 78% бидејќи со години беа замрзнати. Бесими одговори, тој лично бил против укинувањето на тие членови, но Владата во принцип не коментирала одлуки на Уставниот суд.