Автомобил излета од патот во Штип, има повредени

Вчера на улицата Брегалничка во Штип, автомобил „опел вектра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од К.И.(64) од Штип, излета од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј.(29) од Струмица, а возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.