Argentina Night во Скопје, настан кој нé носи во срцето на Јужна Америка

Хотел Лимак во Скопје на 7 и 8 април ќе биде домаќин на возбудлив настан Argentina Night кој за момент ќе нé однесе во срцето на Јужна Америка.

Од Буенос Аирес во Скопје - Вечерта ќе биде исполнета со музика, танцување и вкусна храна инспирирана од енергичната култура на Аргентина. Гостите ќе бидат почестени со настап во живо на автентичен аргентински бенд. Покрај музиката, на настанот ќе биде збогатен со аргентинско мени и вкусна храна од аргентинска кујна. Присутните ќе имаат можност да се  препуштат на вкусовите и аромите на оваа вкусна кујна, која е позната по смелите вкусови и употребата на свежи состојки.

„Поканата е отворена за сите, особено оние кои се заљубени во аргентинското танго, кујна, култура и фудбал. Гостите ќе имаат неповторлива можност во срцето на Скопје да ја доживеат аргентинската култура и да ја вкусат аргентската храна“, порачуваат од хотелот Лимак.

Тие додаваат дека Argentina Night ќе биде забавен и возбудлив начин да се доживее културата и кујната на оваа прекрасна јужноамериканска земја.Информации и резервации на телефонските броеви: 02/5518100 и 075/301-834