Арачиновец со „бмв“ удри во тротинет, двајца малолетници се повредени

Вчера се случила тешка сообраќајна незгода во која со повреди се здобиле двајца малолетници.

- На 12.07.2023 во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Архиепископ Доситеј“ и ул.„Струмичка“, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(29) од с.Арачиново, скопско, удрило во тротинет, управуван од малолетник од Скопје, информира МВР.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.