Антониа Гиговска направи шоу со уличните музичари на „Кнез Михајлова“

Антониа Гиговска со македонски песни, вчера ги примами случајните минувачи во Белград, на улицата Кнез Михајлова.

Таа вчера на својот инстаграм профил сподели прекрасно видео каде заедно со музичари од учлицата ги пееше македонски народни песни и направи мал спектакл за сите.

Во видеата објавени на профилот на Гиговска, таа ги пее „Македонско девојче“ и „Јовано Јованке“.

Минувачите беа зашеметени од прекрасниот глас на македонската поп ѕвезда и застанаа да снимаат и слушаат како секојдневието на Кнез Михајлова се претвора во музички рај, благодарение на Антониа.