Андоновски: Реформата на јавната администрација е дел од првиот кластер за преговорите со ЕУ, а ние 6 години уназадуваме

Ако продолжиме со овој Франкештајн модел за четири години од денеска нема да имаме квалитетна државна администрација, а со тоа и ќе се доведе во прашање функционирањето на општеството. Луѓе кои се квалитетни и вложувале во себе се повеќе бегаат во епидемиски размери. Како што имаме експлозија од вработувања во јавната адмионистрација така од друга страна имаме експлозија на вработени кои ја напуштаат јавната администрација“, изјави Стефан Андоновски – заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација на гостувањето во радио Лидер.

Тој посочи дека балансерот е модел не одговара и е комплетно надминат и притоа како пример го даде Министерството за политички систем каде 65 % од вработените се албанци додека 95 % од вкупниот број на вработени не се македонци. Андоновски вели дека во други институции не се почитува Балансерот и дека таму се вработени само луѓе од ДУИ.

- “ Балансерот е вграден во закон и тој те принудува најпрво да избереш што си по националност, а потоа дали си квалификуван за одредена позиција или не, а тоа е неразбирливо за било кого и во било која држава“, кажа Андоновски.

Во последните 6 години според него ние немаме никаков напредок во реформите во јавната администрација и притоа тој рече дека ние како држава во ¼ од реформите уназадуваме, во ¼ имаме направено одреден напредок, а во ½ најголемиот дел сме во стагнација. Кога се ќе се собере и одземе, заклучуваме дека ние имаме целосна стагнација во реформата во јавната администрација и сето тоа создава сериозен проблем во општеството“, истакна Андоновски.