Ампева револтирано кон Спасовски: Како министре се вика оваа појава?

Активистката Кристина Ампева која живее во Штип директно го праша министерот за внатрешни работи „Како се вика оваа појава“ алудирајќи на настанот пред училиштето „Страшо Пинџур“ во Карбинци за кој пренесе ТВ Стар откако МВР демантираа дека станува збор за киднапирање. 

- Ок бе ние луди, директорката на основното училиште во Карбинци, а богами и градоначалникот. Еве не е киднапирање. Не е. Ни сме луди. Како се вика кога возрасно лице, полнолетно очигледно дека нели со кола, со СКОПСКИ таблички, вика девојче од основно училиште, малолетно на кафе во кола, не знаеме кое одделение е, може е 10, може е 11, може 12 или еве 14 години, вели Ампева видно револирана од осносот на надлежните. 

- Како министре се вика оваа појава? Еве не е киднапирање. Еве измислуваме. Како и директор и служби и градоначалник. Дали министре за вас е нормално да доаѓаат мажи полнолетни со кола пред основно училиште да повикуваат малолетни деца во кола со таблички од друг град на пазете, кафе?, праша Ампева на својот фејсбук профил. 

Додава:

- Или почнете да работете да не станеме див запад. Да повторам уште еднаш , па можете и мене на разговор да ме повикате, немам проблем. Ако сум сведок на несоодветно однесување од полнолетно лице кон дете, ќе му пресудам на лице место. Тоа знам. Сакате див запад? Ќе го имате. Пуштете ги полицајците на терен!