Тотален хаос, бирократија и краток рок за 1.600-те денари за учениците, реагира Ампева

Откако вчера Министерството за образование и наука го објави повикот за аплицирање на финансиска помош за основците и средношколците, бурни реакции пристигнаа од родителите околу краткиот рок и многуте документи кои треба да ги обезбедат. 

Со став се јави активистката Кристина Ампева која вели дека има нејаснотии куп околку постапката и бараните документи. 

- Измислиле куп документи, за кои ти треба не знам колку време и врски да ги извадиш. Тотален хаос ќе стане низ школи и институции за факинг 1600 денара, за 6 факинг месеци. Четири, пет дена да ги соберете документите. Нејаснотии куп. А имаат платени институции, кај што се сите наши податоци и една што се вика УЈП и ги има сите наши примања. И по чии податоци можат ако сакаат да им помогнат на родителите. Ипак се тоа наши пари, да не биде дека се многу фини. Буџет ние полниме, не партиите и функционерите. Воа се вика, мижи Митро тулумби паѓат. Очи извадете, родители, додека да ги соберете документите во тој никаков рок. Откако вчера објавив, еден куп луѓе со различни проблеми и нејаснотии ми пишуваат. Бирократски срања еден куп. Специфични проблеми ама тоа бирократите не го разбираат, вели таа и додава: 

Наместо да дадат институциите, на чело со УЈП, податоци за сите и си ги проверат на крај, сега имаме тотален хаос за факинг 1600 денари. И па тие кои имаат најмногу потреба, нема да ги земат парите. Неспособни, толку ќе кажам.

Претходно, МОН соопшти дека над 120 илјади ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надоместок до крајот на тековната учебна, односно академска година како поддршка за нив и нивните семејства, во услови на зголемени трошоци за живот и продолжени ефекти од енергетската криза.