Американската војска го следи Дедо Мраз

Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) во Колорадо известува за движењето на санките на Дедо Мраз откако го напушти Северниот пол, а децата можат сето тоа да го следат на веб-страницата noradsanta.org.

„Војската го следи Дедо Мраз со истата технологија што ја користиме секој ден за да ја заштитиме Северна Америка“, рече полковникот на американските воздухопловни сили Елизабет Матијас, главна портпаролка на NORAD.

Движењата на Дедо Мраз ги следеа претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден, објави Белата куќа.