Аеродром е првата и единствена општина што овозможува бесплатни часови по пливање за дел од учениците

Бесплатно пливање за учениците - продолжува проектот кој е вистинска гордост на Аеродром, соопштија од локалната сампоуправа на општината. 

- Аеродром е првата и единствена општина во Македонија што за учениците овозможува бесплатни часови по пливање. Од денес започна втората фаза од проектот „Учиме да пливаме" кој ќе се спроведува и во следните три месеци, соопштија вчера од општината. 

 Проектот „Учиме да пливаме" е целосно финансиран од општината и вклучува бесплатни часови по пливање од сертифицирани и искусни тренери, опрема, како и организиран превоз од и до училиштето.

Проектот е наменет за сите дечиња од прво одделение и дечињата со попреченост од основните училишта во Аеродром.