АД ЕСМ: Сите набавки се направени на транспарентен начин во согласност со законот

АД ЕСМ потпиша договор за рамковна спогодба за јавна набавка за сервис и редовни периодични прегледи на гасни мотори во подружницата „Енергетика Скопје“ со економскиот оператор „Спектартермо“ ДОО Скопје.

- Компанијата „Спектартермо“ е единствена компанија што има лиценца за извршување ваква дејност. Официјална лиценца претходно имала компанијата ‘Флекспауер’, но годинава им е одземена лиценцата од производителот и ѝ е дадена на нова компанија, велат од компанијата.

Појаснуваат дека во согласност со Законот за јавните набавки, кога се работи со преговарање, а се преговара само и единствено со компании што се овластени и единствени за вршење одредена дејност, АД ЕСМ продолжува со преговорите со оние што ја имале лиценцата, во овој случај се работи за компанијата „Спектартермо“, која е единствена која има лиценца за вршење оваа дејност.

Јавната набавка е спроведена во согласност со Законот за јавните набавки и Бирото за јавни набавки, децидни се од АД ЕСМ.