Рак и јарец
Тоа се две потполно различни личности на сите нивоа. Ракот е нежен и чувствителен , воден од чувствата сѐ што прави е со срце, додека јарецот смета дека покажувањето на емоциите е слабост. Јарецот е воден од разумот и амбициите во животот и за него успехот во кариерата е главна цел, додека за ракот среќата и здравјето на саканите се приоритет.
Семејството му е важно и на јарецот, но тој ја покажува својата љубов преку заработувањето и обезбедување материјална благосостојба, а ракот е задолжен за грижата и топлината во домот.
Лав и водолија
На прв поглед делува дека овие два лика се толку слични, но во основа се потполно различни и имаат различни цели во животот. Она што им е заедничко е дека се друштвени и комуникативни, но тука е и крајот на сите сличности.
На лавот му е важно мислењето на јавноста и сака сите да го почитуваат и да му се воодушевуваат, а за водолијата тоа е ирелевантно. Водолијата е поинаква и сака да предизвикува контроверзии, а не да им се допадне на сите луѓе. Лавот не сака да признае дека не е во право, а водолијата кажува сѐ што мисли и секогаш ќе ја каже вистината во лице, без разлика колку непријатна може да биде. Нивната љубовна врска ќе биде експлозивна и динамична. Жестоките аргументи ќе бидат дел од нивната врска, а најдобро ќе се согласуваат во креветот.
Риби и девица
Нежната и романтична риба е во потполна спротивност со ладната и воздржана девица. Рибите се со главата во облаци, а девицата стои цврсто на земјата и не се занесува со нереални идеи и планови. Девицата многу самокритично и внимателно го планира секој детаљ, а рибите живеат и носат одлуки сега, во овој момент.
Тие премногу се разликуваат во животните цели – девицата е одговорна и вредна и сака да оствари добра заработка и да се обезбеди себе си, за разлика од рибите кои често ја наоѓаат работата како нужно зло, а парите им се најмалку важни. Девицата обраќа внимание на здравјето, дисциплинирана е и се обидува да води здрав начин на живот.
Љубовните врски меѓу овие два знака не се ретки, но партнерите често се приморани да прифатат компромиси – девицата да се помири со склоноста на рибите за мечтање, а рибите со емоционалното студенило на девицата.
Овен и вага
Веќе е јасно на прв поглед дека овенот и вагата се два различни света. Овенот е тврдоглав, упорен и знае добро што сака, а вагата тешко носи одлуки. Освен тоа, таа е мирна, тактички расположена и не е склона кон конфликти, а овенот често вика кога се кара.
Вагата не го сака неговиот огнен темперамент, безобзирноста и непредвидливата природа, додека овенот одржува инертност и неодлучност кон неа и смета дека таа не е искрена. Шармантната и толерантна вага секогаш се грижи за другите , а овенот е фокусиран само на себе и на сопствените потреби. Често пати овенот е обвинет дека е вистински себичњак. Наспроти сите разлики во карактерот, овие два хороскопски знаци често знаат да се пронајдат во животот. Привлечноста која постои меѓу нив е толку силна што може да се почувствува како нешто материјално, така што често се заљубуваат и имаат љубона врска. Меѓутоа, проблемите настануваат кога почетната страст ќе избледи и нивните потполно различни карактери ќе испливаат на површина.
Бик и шкорпија
Овие два знака се упорни, тврдоглави и не сакаат да се одречат од своите принципи, но главната разлика е во тоа што шкорпијата е помудра, а бикот понекогаш се инаети само затоа што така одлучил. Бикот е фокусиран на домот и семејството и е подготвен да работи напорно за да постигне финансиска сигурност, а шкорпијата е водена од желбата за моќ и успех.
Бикот ќе заработи пари исклучиво од својата работа и се ќе стави на книшка во банка, а шкорпијата храбро ќе влезе во многу инвестиции и ризично ќе вложува големи количини од заработените пари.
Бикот е хедониста во душа, прагматичен и не е склон кон духовни размислувања, а шкорпијата е заинтересирана за подлабоки теми, мистерии и алтернативни дисциплини.
Магнетски се привлекуваат, се заљубуваат на прв поглед и започнуваат врска, а во астрологијата се познати како еден од највозбудливите парови.
Близнаци и стрелец
Иако се спротивни знаци, имаат многу заедничко. Двата знака се друштвени и весели луѓе кои постојано се во потрага за нови искуства и имаат многу пријатели, но меѓу нив постои и една голема разлика – различен начин на размислување и различни животни цели. Близнаците постојано се во движење, немирни се и не можат долго да останат на едно место.
Сакаат да учат и да дознаваат нови информации и имаат широко но површно познавање на работите, а стрелецот сака да се фокусира на една област што го интересира. Стрелецот се грижи за големи нешта, додека близнаците се премногу немирни и саркастични за да ја сфатат длабочината на стрелецот. За него е поважно да има многу пријатели и убаво да си поминува отколку да размислува за смислата на животот. Стрелецот по природа е филозаф кој сака длабоки и рационални расправи, додека близнаците ги интересираат површни разговори и се склони кон оговарања кои стрелецот не може да ги поднесе. Кога се во врска, тие можат да функционираат,иако секогаш ќе се караат и ќе имаат бескрајни расправи.