22-годишен возач прегази маж кај Ласкарци

22-годишен возач прегазил 47-годишен маж од Ласкарци. 

На 04.01.2023 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Ласкарци-с.Буковиќ, Скопско, патничко возило -„фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано  од А.Џ.(22) од с.Паничари, скопско, удрило во З.М.(47) од с.Ласкарци. 

Во несреќата, З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информираа од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.